Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Подгответе ги чадорите: Денеска не очекува дожд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа

    Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа

    20.08.2026 во 21:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американската глумица Сандра Булок првпат јавно проговори за смртта на својот долгогодишен љубовен партнер Брајан Рендал, кој почина на 5 август 2023 година, по тригодишна борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС). Актерката, имено, во подкастот „Смарт-лес“ (SmartLess) откри дека Рендал сакал неговата болест да остане во тајност, па затоа Булок со години не ѝ откри на јавноста за битката на Рендал со неизлечивата болест.

    – Ме замоли да не зборувам за тоа. Знам зошто го побара тоа – рече кусо Булок.

    Како што вели, само нејзината сестра Гесин Булок-Прадо знаела за Рендал. Сепак, Булок призна дека таквата одлука ја изолирала до одреден степен и ѝ го отежнала целиот процес на справување со болеста и загубата. Верувала дека може сама да се справи со целиот тој случај, но грижата за својот тешко болен партнер, одгледувањето две деца истовремено и корона-пандемијата се покажале како исклучително тежок период.

    Дури подоцна таа почна да зборува за ситуацијата со блиски пријатели, вклучувајќи ги и глумицата Џенифер Анистон и водителката Аманда Анка – сопруга на Џејсон Бејтман.

    Булок, откри и дека како што напредувала болеста, таа почнала да тагува за Рендал долго пред неговата смрт.

    – Мислам дека почнав да тагувам за Брајан четири години пред да почине. Нешто се промени тогаш… Мојот човек исчезна многу порано, пред да замине неговото тело. Не мислам дека некогаш навистина се соочив со тоа додека тој не почина, бидејќи тогаш едноставно си на таа „бескрајна лента за трчање“, додаде „оскаровката“.

    Манекенот и фотограф Брајан Рендал почина на 5 август 2023 година, на 57-годишна возраст. Неговото семејство во тоа време изјави дека од самиот почеток сакал неговата борба со АЛС да остане лична работа.

    -Брајан одлучи своето патешествие со АЛС да го задржи лично, а сите што го сакаа се обидуваа да ги почитуваат неговите желби, стои во тогашното соопштение.

    АЛС е прогресивна невродегенеративна болест којашто ги зафаќа нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок. Како што напредува болеста, лицето постепено ја губи способноста да зборува, да се храни, да се движи и да дише. Засега нема лек што може да ја излечи.

    Булок го запозна две години помладиот Рендал во јануари 2015 година, кога тој бил најмен како фотограф за петтиот роденден на нејзиниот син Луис. Набрзо Булок и Рендал почнаа врска, а како двојка се појавија заедно во јавноста за прв пат во октомври истата година, на премиерата на нејзиниот филм „Нашиот бренд – кризата“ (Our Brand Is Crisis). Подоцна, актерката зборуваше за тоа како ја пронашла „љубовта на својот живот“.

    Рендал ѝ помогна на Булок да го одгледа својот син Луис, сега 16-годишен, и ќерката Лајла (12). И двете деца беа посвоени од Булок.

    Рендал има своја ќерка, Скајлар, која денес има над 30 години – од неговата претходна врска со Џанин Стејтен. Сандра Булок претходно беше омажена со Џеси Џејмс – основачот на „Вест кост чоперс“ – нивниот брак траеше од јули 2005. до јуни 2010 година

    Прочитај повеќе

    Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден

    12.09.2026 во 10:59

    Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат

    11.09.2026 во 23:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.