Само околу 62 отсто од децата во Македонија се вакцинирани против мали сипаници, што е далеку под потребниот опфат од 95 проценти за заштита на населението. Здравствените власти апелираат родителите навреме да ги вакцинираат своите деца, особено поради зголемувањето на бројот на заболени во соседството.
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска предупреди дека бројот на случаи на морбили расте во Косово и Бугарија и повика на поголема одговорност во спроведувањето на вакцинацијата.
„Опфатот на вакцинација е релативно низок – 62 отсто. Целта е да стигнеме до 95 отсто“, рече Клековски.
Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека проблемот со нискиот вакцинален опфат трае подолг период. Во 2025 година опфатот со МРП вакцината изнесувал 62,7 проценти, а од ИЈЗ предупредуваат дека акумулацијата на невакцинирано население значително го зголемува ризикот од појава и ширење епидемии на мали сипаници.
МРП вакцината, која штити од мали сипаници, заушки и рубеола, е дел од задолжителниот календар за имунизација. Првата доза се дава по навршени 12 месеци, а ревакцинацијата на шестгодишна возраст.
- Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
- Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
- 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
- Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
- Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
- Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
- Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
- На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто

