Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Розовиот октомври“ одбележан во Чаир: Меџити порача дека раното откривање рак на дојка спасува животи
    • Драма на лет за Дизелдорф: Патници се разболеа во авион
    • Николоски за автопатот Охрид-Кичево: На терен има одличен напредок, се гледа крајот
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали открива детали за реконструкцијата: „Вреди“ добива 6 ресори, ќе има нови министри за правда и култура

    Сали открива детали за реконструкцијата: „Вреди“ добива 6 ресори, ќе има нови министри за правда и култура

    28.06.2026 во 14:422 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Коалицијата Вреди ќе раководи со вкупно шест министерства по најавената владина реконструкција, потврдија денеска од партиското раководство.

    Станува збор за ресорите за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, со кои во иднина ќе управува овој коалициски партнер.

    Како што изјави денеска Беким Сали од Вреди, актуелен вицепремиер и министер за европски прашања, Министерството за здравство не е дел од овој пакет.

    Во рамки на овие промени, веќе е извесно дека ќе има кадровски освежувања во два важни ресори, но конкретните решенија сè уште се усогласуваат.

    Две нови имиња ќе има во Министерството за култура и Министерството правда, но се уште не е дефинирано кои ќе бидат тие.

    Официјалните информации беа соопштени за време на настанот со кој коалицијата одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција, каде Сали одговараше на новинарски прашања.

    „Се уште нема финално име за правда и култура, тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека перформираат добро во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не е од нашите“, истакна Сали.

    Тој појасни дека разговорите во рамки на мнозинството се во тек, но позициите за шесте наведени министерства се веќе фиксни.

    Според Сали, се додека траат преговорите има отворени теми, но министерствата за животна средина, економија, правда, евроинтеграции, култура и односи меѓу заедниците, сигурно ќе и бидат доверени на Вреди.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.