Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прогласен најпаметниот град во светот
    • Антракс во бугарско село: Заразени луѓе, крави и овци
    • Викендов доаѓа невиден пекол – можно заладување идниот викенд
    • KAM исплаќа 850 евра за К15 за своите вработени
    • Невиден сплет на природни настани: Како дојде до библискиот потоп во Непал
    • Колку пати ни го ветија автопатот Скопје-Блаце?
    • Прв случај на западнонилска треска регистриран во Бугарија
    • Ја заклучил жена му дома и ја тепал – ја спасувале полицајци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сали од свечената седница: Рамковниот договор е жив механизам за стабилност и европска иднина

    Сали од свечената седница: Рамковниот договор е жив механизам за стабилност и европска иднина

    13.08.2026 во 12:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, во Владата на Република Северна Македонија, се одржа свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Со седницата раководеше Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, кој во своето обраќање ја истакна историската и политичката важност на овој договор за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата.

    Говорејќи за значењето на јубилејот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор е момент за потсетување на минатото, но и за размислување за одговорноста на институциите кон иднината на земјата.

    Според министерот Сали, Охридскиот рамковен договор беше инструментот што го стави крај на конфликтот од 2001 година и воспостави нов пристап во организацијата и функционирањето на државата, засновајќи ја стабилноста врз партнерството меѓу заедниците, граѓанската еднаквост и правичната застапеност.

    „Демократијата не се мери само преку слободни избори, туку и преку способноста на институциите да гарантираат инклузивност, правична застапеност, дијалог и доверба меѓу граѓаните“, истакна министерот Сали.

    Првиот заменик-претседател на Владата нагласи дека Охридскиот рамковен договор не треба да се гледа само како историски документ, туку како жив механизам на уставниот поредок и како политичка насока за институциите на земјата. Во таа насока, тој ја спомена и иницијативата на Владата за Законот за правична и соодветна застапеност, предложен за усвојување во Собранието.

    Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека искуството од изминатите 25 години покажало дека стабилноста се гради преку дијалог, комуникација, компромис и почитување на договорите.

    „Дијалогот не треба да се гледа како компромис со принципите. Дијалогот е најдемократскиот начин за заштита на принципите“, истакна Сали, нагласувајќи ја важноста од продолжување на соработката и партнерството меѓу заедниците.

    Во своето обраќање, тој посочи дека зачувувањето на меѓуетничкото партнерство е стратешки интерес на Република Северна Македонија. Според министерот Сали, една мултиетничка држава може да биде успешна само кога секоја заедница се чувствува како рамноправен дел од институциите и како заеднички одговорна за иднината на земјата.

    Во овој контекст, Првиот заменик-претседател на Владата го поврза духот на Охридскиот рамковен договор и со процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека европскиот принцип „Обединети во различностите“ се совпаѓа со филозофијата на договорот, кој мирот го изгради врз прифаќањето и почитувањето на различностите.

    На крајот, Првиот заменик-претседател на Владата истакна дека задачата на денешната генерација не е само да го зачува Охридскиот рамковен договор како историско достигнување, туку и да го надградува преку поефикасни институции, зајакнување на довербата меѓу заедниците и изградба на држава со високи европски стандарди.

    „Нека биде овој јубилеј не само потсетување на она што го постигнавме, туку и заложба за она што треба да го изградиме“, заклучи министерот Сали.

    Прочитај повеќе

    Викендов доаѓа невиден пекол – можно заладување идниот викенд

    26.08.2026 во 19:40

    Колку пати ни го ветија автопатот Скопје-Блаце?

    26.08.2026 во 19:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.