Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД воведоа санкции против Нафтената индустрија на Србија – Србите подготвени ги дочекале

    САД воведоа санкции против Нафтената индустрија на Србија – Србите подготвени ги дочекале

    09.10.2025 во 09:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово во шест часот стапија на сила санкциите на САД против Нафтената индустрија на Србија (НИС), поради мнозинскиот руски капитал во сопственичката структура на компанијата.

    Од НИС информираа дека Министерството за финансии на САД не им ја продолжило специјалната лиценца што досега овозможуваше непречено работење, но нагласуваат дека приоритет ќе им биде редовното снабдување со нафтени деривати на домашниот пазар и зачувувањето на социјалната стабилност на вработените.

    Директорката на малопродажниот оддел, Бојана Радојевиќ, изјави дека компанијата подготвено ги дочека санкциите и дека нема причина за паника.

    – Нашите бензински пумпи се оптимално снабдени со сите видови горива, имаме доволни количини на залихи и на сурова нафта, што е клучно за понатамошното производство. Продажбата се одвива во редовен режим, без ограничувања за граѓаните – изјави Радојевиќ.

    Таа додаде дека платниот промет засега функционира нормално, но дека можно е во текот на денот да се појават краткотрајни прекини.

    – Доколку дојде до промени, потрошувачите ќе можат да плаќаат со готовина, со платежни картички Дина или преку апликациите за мобилно банкарство. Снабдувањето ќе продолжи непречено и во наредниот период – нагласи Радојевиќ.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.