Русковска за обвинувањата на Боки 13: Ако има докази нека ги достави до Јовески

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели доколку Бојан Јовановски има докази дека постапувала незаконски, тогаш да ги достави до републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески.

-Ако има докази дека сум постапувала спротивно на закон, нека ги достави до Јовески, изјави за „Фокус“ обвинителката Русковска.

 Бојан Јовановски – Боки 13 и Фросина Ременски обвинети во предметот „Меѓународен сојуз“ денеска побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска. Според образложението на Јовановски  барањето за изземање на обвинителката е поради новонастанати околности, односно по обработката на дел од податоците од неговиот мобилен телефон кој судот му го вратил.

 

-Со застапникот на ова обвинение јас имам остварено вербална и пишана комуникација во мојот телефон. Лицето се водело по лична омраза и умисла, причините ќе бидат интерпретирани. Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1тв. Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам тв екипа, истакна Јовановски.

 

13.07.2021 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега