Русковска: Со месеци го следев Зекири - ќе се шири истрагата можно е да опфати и други лица

Сметам дека тој што си ја работи чесно не треба да се плаши од било која функција. Треба да си дораснат на функцијата за која се нафаќаш ако си дораснат за оваа фукнција тогаш тешко може да те намести некој, вели Вилма Русковска во врска со случајот за Мухамед Зекири, кој е под истрага од Обвинителството за склучен договор со консултантска фирма, на која и се исплатени повеќе пари од предвидениот договор.

-Предистрагата траеше повеќе месеци, инспектори работеа заедно со колешката на прибирање докази. Не мислам дека се работи за политички пртесметки, има доволно докази за сторено кривично дело. Два дена пред отворање на истрагата еден од осомничените ја напуштил државата. Штетата на буџетот е околу 57 милиони денари, речиси милион евра, вели Русковска.

 Според доказите што ги собравме во текот на предистрагата, не е политичка пресметка. Ја отворивме во четвртокот попладне, каде ќе не одведе, ќе видиме. Секогаш може да биде проширена. Нема да гледаме во кристална кугла, затоа и се води истрагата, рече шефицата на Обивнителството за организиран криминал во емисијата „Студио 10“ на ТВ24.

11.04.2022 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега