Руските вакцини произведени на Торлак одобрени за употреба

Српскиот министерот без ресор Ненад Поповиќ  изјавил дека рускиот институт Гамалеја одобрил за употреба 550.000 вакцини Спутник V кои во Торлак се произведени до 13 август.

Поповиќ за РТС изјавил дека вакцините се со целосно еднаков квалитет како тие кои се произведени во Русија и дека до крајот на годината се планира производство на 4 милиони дози.

Тој прецизирал дека се контролирани 960 примероци по 18 параметри според најголемите светски стандарди и дека сите покажале „одличен резултат“.

– Имаме 550.000 вакцини (275.000 вакцини од компонентата 1 и 275.000 вакцини од компонентата 2) подготвени за употреба во Србија, со назнака произведено во Србија- изјавил тој.

Според него, одлуката за извоз на вакцините ќе ја донесе Владата на Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Треба да усогласиме со рускиот партнер, од нив да добиеме одобрение за извоз за да не се случи и едните и другите да извеземе на исти пазари – вели Поповиќ.

02.09.2021 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега