Рускиот „трговец со смртта“ го повика Трамп во Русија: „Неговиот живот е во опасност“
Рускиот трговец со оружје и член на руската Либерално-демократска партија Виктор Бут денеска го покани поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Русија за да предводи „бунт против глобалистите“.
„Денеска му испратив телеграма на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Прво, верувам дека неговиот живот е во опасност. Судскиот процес што започна против него во Њујорк нема да заврши само со пресуда и ќе ја изгуби можноста да се кандидира за претседател“ изјави Бут, пренесе агенцијата Тасс.
Во исто време, тој го покани Трамп во Русија да му понуди заштита и политички азил за да може да води „бунт против глобалистите и да го спаси американскиот народ“.
Бут беше вратен во Русија како дел од размена на затвореници, а беше разменет за американската кошаркарка Бритни Грајнер. Тој беше уапсен во Бангкок во 2008 година на барање на САД и обвинет за заговор за снабдување со оружје на бунтовничката група позната како Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), која САД ја сметаат за терористичка организација.
Две години подоцна Бут беше екстрадиран во САД, а во април 2012 година беше осуден на 25 години затвор и парична казна, потсетува руската агенција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа