Рускиот министер за одбрана: Се’ помалку чекори до нуклеарен конфликт

 

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предупреди дека најавата на Велика Британија дека ќе и’ обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум значи дека остануваат „помалку чекори“ до нуклеарен конфликт меѓу Русија и Западот.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин изјави дека планот на Велика Британија да испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина ќе предизвика одговор од Кремљ.

„Не случајно споменувам чекори. Има се’ помалку чекори“ рече Шојгу обраќајќи им се на новинарите, одговарајќи на прашањето дали планот да и’ се обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум „го турка светот чекор поблиску до нуклеарен конфликт“, пренесува ТАСС.

Секоја војна завршува со мир, додаде Шојгу, пренесе руската државна новинска агенција „Риа Новости“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, претходно ги нарече плановите на Велика Британија да префрли гранати со осиромашен ураниум во Украина „југословенско сценарио“.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови Челинџер 2 на Украина, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати што содржат осиромашен ураниум.

21.03.2023 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега