Сообраќајна несреќа во Скопје: Приведен возач на камион
Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(29) од Р.Косово и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.А.(32) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од слобода бил лишен возачот Е.П. и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа