Русија ќе одговори со воена акција поради одлуката на Финска да влезе во НАТО

Русија ќе одговори на одлуката на Финска да влезе во НАТО, соопштија од руското Министерство за надворешни работи.

„Влезот на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика. Русија ќе мора да преземе одмазничк чекори, како воено-технички за да ја запре заканата по безбедноста“, соопштија од МНР.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно кажа дека пристапувањето на Финска во Северноатлантскиот договор „секако ќе претставува закана за Русија“.

12.05.2022 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега