Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русија: Четворица загинати во украински напади врз Крим и Брјанската област

    Русија: Четворица загинати во украински напади врз Крим и Брјанската област

    25.06.2026 во 17:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украина изврши нови напади врз анектираниот полуостров Крим, при што загинаа најмалку две лица, соопштија локалните власти назначени од Москва.

    Претседателот на Крим поставен од Москва, Сергеј Аксјонов, изјави дека една од жртвите е малолетно лице. Според него, уште две лица се повредени во нападот што се случил во околината на градот Симферопол.

    Жртви се пријавени и во руската погранична Брјанска област. Вршителот на должноста гувернер на регионот, Егор Ковалчук, соопшти дека дрон погодил автомобил во близина на селото Солова, при што загинале 23-годишниот возач и 15-годишен сопатник.

    Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа пожари и во јужниот руски Краснодарски крај. Регионалниот штаб за цивилна заштита на Телеграм објави дека, поради паднати остатоци од дрон, избувнал пожар во кругот на складиште за нафта во Полтавскаја. Овој објект беше погоден и минатата недела.

    Во Абинскиот реон, исто така, избувна пожар во фабрички комплекс, предизвикан од остатоци од соборен дрон.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи го потврди нападот врз складиштето за нафта. Тој наведе дека биле погодени и две рафинерии во Уфа, во руската Република Башкортостан.

    Шефот на републиката, Радиј Хабиров, на Телеграм соопшти дека нападот со дронови врз градот Уфа бил одбиен. Според него, остатоците паднале во индустриска зона, нема повредени, а претпријатијата продолжуваат да работат нормално. Башкортостан се наоѓа источно од Москва, во јужниот дел на планината Урал.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати 269 украински дронови над руска територија и над анектираниот Крим.

    Во настојувањата да ја одбие руската инвазија, која веќе е во петтата година, Украина ги засили контранападите, насочувајќи ги првенствено кон руската нафтена и гасна индустрија, како и кон воените објекти. Киев се обидува да ги наруши испораките на гориво за руската армија и да ги намали приходите од енергетскиот сектор.

    Недостиг на гориво е пријавен во сè поголем број руски региони, а Крим е меѓу најпогодените области.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.