Романски авион погоден од гром

 



Синоќа авион на романската национална авиокомпанија „Таром“ бил погоден од гром и морал вонредно да слета, јавува ТВ Диги 24.

Веб-страницата Бординг-пас објави дека авионот „Таром“ полетал во 22:10 часот по романско (и бугарско) од аеродромот Отопени во Букурешт кон главниот град на Молдавија – Кишињев, но еден час подоцна на средината на патувањето, пилотите пријавиле дека морале да се вратат назад поради техничка неисправност предизвикана од удар на гром.

Вонредното слетување се случило без инциденти, а патниците биле качени во друг авион кој полетал половина час по полноќ, јави БТА.

25.03.2024 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа