РКЕ донесе одлука: Ова се цените на горивата

 

Регулаторната комисија за енергетика денеска ја соопшти одлуката за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,400 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,592 ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.04.2021 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега