Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Андоновски: Државата, граѓаните и компаниите мора заедно да го чекорат патот на дигиталната трансформација
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан

    Ристовски во Баку: Ново поглавје во спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан

    24.09.2026 во 15:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за спорт Борко Ристовски престојува во официјална посета на Азербејџан, каде што оствари билатерална средба со министерот за млади и спорт Фарид Гајибов. Во фокусот на средбата беше унапредувањето на односите меѓу двете земји во областа на спортот и создавањето конкретни механизми за долгорочна институционална соработка.

    Како резултат на средбата, двете министерства потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува широка рамка за размена на знаења, искуства и добри практики. Соработката ќе опфати спортска медицина, интегритет во спортот, управување со спортски настани, обука и размена на спортски кадри и експерти, адаптивен спорт, спорт за сите, спортски туризам и спорт во образовните институции.

    Посебен акцент, информираат од Министерството за спорт, е ставен на поврзувањето на националните спортски организации, учеството на експерти и делегации на спортски настани во двете земји, како и на заеднички активности и размена на искуства во рамките на меѓународните спортски организации.

    -Со потпишувањето на Меморандумот правиме конкретен чекор кон продлабочување на спортската соработка меѓу Македонија и Азербејџан. Создаваме нови можности за размена на знаења, експерти и искуства и за директно поврзување на нашите спортски организации. Добрата соработка се гради со конкретни чекори. Овој Меморандум е основа за директна, континуирана и практична соработка која треба да создаде нови можности за македонскиот спорт, истакна Ристовски.

    Со Меморандумот, Македонија и Азербејџан поставуваат основа досегашните добри односи да прераснат во конкретна и континуирана соработка во спортот, со директни контакти меѓу институциите, федерациите и спортските професионалци.

    Прочитај повеќе

    ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов

    06.10.2026 во 13:49

    Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот

    06.10.2026 во 13:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.