Ристовски: Почнува реконструкцијата на спортската сала „25 Мај“
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска беше во посета на Радовиш и заедно со градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, на терен го означи стартот на реконструкцијата на спортската сала „25 Мај“, која е една од поголемите капитални инвестиции на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура.
Со оваа инвестиција од 20 милиони денари ќе се врати стариот сјај на култната сала значајна за спортот во градот и во целиот регион.
-Како ресорен министер во новото Министерство за спорт, ми претставува големо задоволство што денеска можам да ја најавам првата посериозна капитална инвестиција во спортската инфраструктура. Тоа е патот по којшто решивме да одиме – не може да бараме базичен спорт, уште помалку врвен спорт ако немаме основни услови за функционирање. Радовиш отсекогаш бил спортски град и вадел врвни спортисти и со задоволство го прифативме проектот на градоначалникот Ацо Ристов, за да успееме оваа култна сала да ја вратиме онаму каде што и е местото, повторно да биде место на големи спортски настани. Ова е инвестиција од 20 милиони денари со која ќе биде извршена комплетна санација на подот, на трибинскиот простор и на соблекувалните. Со реализацијата на овој проект ќе се врати сјајот на старата сала, но и желбата да се одржуваат што повеќе спортски настани во Радовиш, рече министерот Борко Ристовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа