Ристовски: Овие победи ќе останат запишани во историјата на Македонија
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски призна дека сѐ уште македонската репрезентација е во еуфорија после епската синоќешна победа во Палермо.
Македонија од утре почнува завршната подготовка за пресметката со Кристијано Роналдо и „европските Бразилци“.
„Сѐ уште сме под еуфорија, но без оглед на сѐ, нас нѐ чека уште еден меч. Ваквите победи ќе останат запишани во историјата на Македонија. Ете денеска нека остане да прославиме, да се регенерираме, па од утре да се подготвиме за следниот меч. Среќен сум и горд сум на овие момци, кои се трудат да дадат сѐ од себе и постигнуваме одлични резултати. Имаме млади дечки кои даваат огромен придонес, кои можат да се носат во ваков притисок, а кога ќе се соочите со вакви предизвици, емоциите едноставно излегуват“, кажа Ристовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа