Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: И покрај утрешните протести организирани од ССМ – јас ќе бидам на работното место

    Ристески: И покрај утрешните протести организирани од ССМ – јас ќе бидам на работното место

    09.02.2026 во 19:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ беше дел од дебатата во емисијата ,,Само вистини“ на телевизија Канал 5, каде се осврна на актуелните случувања периодов околу минималната плата и зголемување на платите, за што истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе склучи договор со синдикатите за зголемување на платите до 40% до 2028 година, а и потсети дека ова е историски најголемо зголемување во текот на еден мандат. Со оглед на тоа што ССМ најави блокади пред Собранието, Ристески истакна дека тој утре ќе биде присутен на своето работно место во Собранието.

    ,,Го почитуваме правото на протест  како на сите така и на синдикатите и на работниците. Наша обврска е да се јавиме на работното место и утре секако ќе бидам присутен на моето работно место“, вели Ристески.

    Тој истакна дека приротитет на ВМРО-ДПМНЕ  како владејачко мнозинство е економски развој, повисоки плати и подобрување на животот на граѓаните.

    ,,Ја прифаќаме пораката, право е на синдикатите да протестираат. Наш приоритет како политичка партија, како Влада, како пратеници од владејачкото мнозинство, е економскиот развој и подобување на животот на граѓаните и секако повисоки плати што и тоа го докажавме на дело, не само на зборови. Тоа беше и  наше предизборно ветување и секаде онаму каде што се појавува Владата како работодавец, зголемени се платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници“, рече Ристески.

    Ристески потсети и на договорот кој Владата веќе  го склучи со УПОЗ и САДУ за зголемување на платите до 40% до 2028 година.

    ,,Ова е историски најголемо зголемување на платите во еден мандат“, посочи Ристески.

    Трагедија кај Либија: Потонал чамец со 55 мигранти, спасени се само две лица
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.