Иако моментално не е активна на музичката сцена, Ријана постигна успех како претприемач. Таа е горда сопственичка на брендот за убавина и мода „Fenty“ и останува активна на социјалните мрежи. Редовно споделува фотографии од својот приватен живот, а не е тајна дека своето влијание на интернет го користи за промоција на својот бренд.

Неодамна, таа сподели серија фотографии кои брзо предизвикаа огромни реакции ширум светот. Гордо позираше во црвена долна облека што ги истакна нејзините атрибути.

Во преден план беа нејзините заводливите облини, надополнети со секси поза што го заокружи ова сензационално издание.

Што се однесува до остатокот од стајлингот, таа се одлучи за фризура со благи бранови – истакнувајќи ги бујните прамени што ги врамуваа нејзините природни црти на лицето – како и за впечатлив црвен кармин во комбинација со сенка за очи во „нуд“ нијанса.

Сето ова создаде волшебен изглед што никого не остави рамнодушен.

Exit mobile version