Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ревизијата откри пропусти во ДСЗИ – Инспекторатот најави корекции во човечките ресурси и увозот на играчки

    Ревизијата откри пропусти во ДСЗИ – Инспекторатот најави корекции во човечките ресурси и увозот на играчки

    10.02.2026 во 14:484 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Да се преземат активности за опремување на лаборатории со соодветна опрема со која ќе се овозможи испитување на што поголем број забранети и штетни супстанци во производите, апелира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во денеска објавениот  Конечен ревизорски извештај за Државниот санитарен и здравствен инспекторат за 2024 година.

    Ревизорите констатираат дека во делот на вршење на инспекциски надзор во постапки по барање на странка за увоз на предмети утврдени се состојби кои влијаат на квалитетот на инспекциската постапка. Фактот  дека фактурите и здравствени сертификати се на повеќе странски јазици, според нив, создава ризик инспекторите целосно да не ја разберат нивната содржина и да одобрат увоз на стоки без целосно потврдена веродостојност и здравствена безбедност.

    – Во делот на вршење на инспекциски надзор во областите на санитарно-хигиенска и епидемиолошка заштита како и здравствена заштита утврдивме состојби кои влијаат на квалитетот на инспекциската постапка, односно во дел од предметите недостасува поткрепувачка документација; пописот не е спроведен во целост; неточна пресметка и исплата на додатокот за работа со висок ризик, посочува ДЗР во клучните утврдени состојби. 

    Ревизорите укажуват дека листата за забранети супстанци во козметичките производи донесена во 2010 година не е ажурирана ниту еднаш, што не ја следи праксата на ЕУ каде оваа листа повеќекратно е ажурирана во истиот период. Поради тоа, истакнуваат дека постои ризик да се стават во промет производи кои содржат супстанци за кои на територија на ЕУ е утврдено дека се штетни по здравјето, а да не се забранети на територијата на нашата држава.

    – Во рамки на државните лаборатории не се обезбедени услови и техничка опременост за испитување на сите забранети супстанци во козметичките производи, а ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци (фталати и бор) во детските играчки кои се увезуваат и пуштаат во промет на територијата на државата, посочува ДЗР.

    Инспекторатот, стои во Извештајот,  доставил известување до Министерството за здравство во кое наведува дека  „во рамки на државните лаборатории не се обезбедени услови и техничка опременост за испитување на сите забранети супстанци во козметичките производи“ чиј број согласно листа донесена од министерот изнесува околу 1.600 супстанци. Согласно информациите добиени од Инспекторатот, Институтот за јавно здравје врши само ограничен број анализи : микробиолошка исправност на производите, определување на содржина на само неколку тешки метали (кадиум, олово, никел и хром), PH вредност и определување на содржина на површинско активни материи, а додека пак неколку, од вкупно 10 центри за јавно здравје, распоредени на целата територија на државата се опремени да вршат само контрола на микробиолошка чистота на козметички производи. 

    Во известувањето е наведено и дека ниту една лабораторија нема опрема за испитување на забранети супстанци (фталати и бор) во детските играчки кои се увезуваат и пуштаат во промет на територијата на државата, а во ИЈЗ се вршат одредени испитувања за безбедноста на детските играчки (миграција на тешки метали, специфична миграција на природни ароматични амини и испуштање на боја)“. При пуштање во промет на детски играчки, во случај кога субјектот на надзорот би ги оспорил резултатите од првиот примерок што како право е утврдено со член 29-б од Законот за санитарната и здравствената инспекција, на територијата на државата покрај ИЈЗ не постои уште една лабораторија која би ги спровела испитувањата.

    – Поради наведеното не се обезбедени услови за извршување на постапката во целост бидејќи анализата на вториот примерок не може да се довери на истата лабораторија. Имајќи го предвид наведеното ревизијата истакнува дека е потребно Министерството, во соработка со ИЈЗ и ЦЈЗ да преземат активности за опремување на лаборатории со соодветна опрема со која ќе се овозможи испитување на што поголем број забранети и штетни супстанци во производите и оневозможување да бидат пуштени во промет во државата, стои во Извештајот. 

    ДЗР утврди и дека во Инспекторатот вработени се 66 лица што претставува 59 проценти од вкупно предвидените работни места, при што 43 се инспектори, од кои 58 проценти се на возраст од над 50 години, а 42 проценти над 60 години.  Поради природен одлив на вработените, ревизорите укажуваат дека постои ризик  работните места со високи звања во дел од подрачните одделенија да се испразнат поради што на нивна територија ќе се ограничи вршењето на надзор во субјекти чија тежина е оценета со висок коефициент. 

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.