Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ферати ги обединува институциите, клубовите и навивачите за поголема безбедност во спортот
    • СДСМ: Мицкоски намерно не изолира
    • Исени оствари средба со вршителот на должноста генерален конзул во Њујорк
    • Нови евро-банкноти доаѓаат: Проверете како ќе изгледаат и дали ќе треба да ги менувате старите пари
    • Драма во регионот: Направил сообраќајка па избегал, полицијата го пронајде со палка во раце
    • Ужас во соседството: 46-годишник силувал 12-годишно девојче
    • На сред лет пукна стаклото во пилотската кабина, авионот итно се вратил на аеродромот во Хјустон
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци

    Рекордни бројки на македонските аеродроми: Речиси два милиони патници во првите шест месеци

    10.07.2026 во 09:382 Mins Read
    ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонските аеродроми во првите шест месеци од 2026 година бележат значителен раст на бројот на патници и реализирани летови. Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид заедно опслужиле 1.955.648 патници, што претставува зголемување од 28 проценти во однос на истиот период минатата година.

    Во периодот јануари-јуни биле реализирани 13.167 летови, односно 7,6 проценти повеќе споредено со првите шест месеци од 2025 година.

    Само во јуни, двата аеродрома опслужиле 374.714 патници, што е раст од 15,6 проценти во однос на истиот месец лани.

    „Растот од 28 процентина бројот на патници во првите шест месеци од 2026 година претставува извонреден резултат и јасна потврда дека македонските аеродроми се наоѓаат на патека на силен и одржлив развој. Во воздухопловната индустрија, двоцифрен раст на патничкиот сообраќај е показател за успешна стратегија, зголемена доверба од патниците и атрактивност како дестинации за авиокомпаниите. Фактот што Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид заедно опслужија речиси два милиона патници за само шест месеци, истовремено бележејќи и раст од 7,6 проценти на бројот на летови е резултат на нашата посветеност за развојот на воздушната поврзаност, континуираното унапредување на услугите и успешната соработка со нашите партнери. Остануваме фокусирани на создавање нови можности за раст, проширување на мрежата на дестинации и обезбедување квалитетно патничко искуство, со цел македонските аеродроми да продолжат да ги надминуваат очекувањата и во наредниот период“, вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Според полугодишните статистички податоци на ТАВ Македонија, најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје е Истанбул, со двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен и пазарен удел од 14,2 проценти. Следуваат Минхен Меминген со 4,5 проценти, Базел Милуз со 4,4 проценти, Дортмунд со 4,1 проценти, Цирих со 4 проценти и Франкфурт со 3,9 проценти.

    Меѓу земјите со најголем број директни летови од Скопје предничат Германија со 28,5 проценти пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај, потоа Турција со 18 проценти, Швајцарија со 9,3 проценти, Италија со 8,2 проценти и Шведска со 5,8 проценти.

    Одделно гледано, Меѓународниот Аеродром Скопје во првите шест месеци од годинава опслужил 1.833.010 патници, што е раст од 28,6 проценти во однос на истиот период лани. На скопскиот аеродром биле реализирани 12.260 летови, што претставува зголемување од 6,5 проценти.

    Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележи раст од 18,2 проценти, со 122.638 превезени патници во периодот јануари-јуни, додека бројот на летови е зголемен за 26 проценти, со вкупно 907 реализирани летови.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Владата не спаси: Дизелот ќе отидеше над 110 денари за литар

    28.09.2026 во 11:20

    Се подготвуваат нови евро банкноти – дали треба да ги смените старите?

    28.09.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.