ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реализација на инфраструктурните активности во рамки на БРЛ 4.
Во тек е реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „150-та“, со што се реализира последната фаза од комплексот на улици „150-та“, „170-та“ и „210-та“.
Со завршувањето на оваа фаза ќе биде заокружена реконструкцијата на водоводната мрежа во целиот опфат, со цел подобро, посигурно и поквалитетно водоснабдување на жителите од овој дел на Битола, информираат од ЈКП „Водовод“ – Битола

