РЕК Битола во помош на гасењето на пожарите во Пелагонија: Работници и механизација на терен
Работници, противпожарно возило и механизација на РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Пелагонија.
Како што информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), десетина пожарникари од Службата за техничка сигурност на РЕК Битола, булдожери и грејдери во сопственост на комбинатот, ангажирани се за гаснење на пожарите, за дотур на вода и за правење заштитни појаси кои ќе спречат
проширување на огнената стихија.
-Во соработка со Општина Новаци и Територијалната противпожарна единица од Битола, работници и механизација на РЕК Битола денеска интервенираат во атарот на селото Паралово. Во текот на викендот, се правеше заштитен појас околу селото Грумази, а се гаснеше во атарот на селата Скочивир, Брод, Балдовенци и Тепавци, наведува ЕСМ во соопштението.
Додава и дека противпожарното возило, механизацијата и работниците од РЕК Битола и натаму ќе
останат на терен и ќе интервенираат „согласно можностите и барањата на надлежните инситуции“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа