Close Menu
Press24
    Најново

    Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики

    04.05.2026 во 22:37

    Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани

    04.05.2026 во 22:16

    Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати

    04.05.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Луѓето родени во мај се посебни, ги красат овие карактеристики
    • Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
    • Цената на нафтата „Брент“ надмина 115 долари по нападите врз Обединетите Арапски Емирати
    • Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје
    • Путин прогласи еднострано примирје на 8 и 9 мај
    • Тензии во Заливот: Иран ги нападна ОАЕ со ракети и дронови, има повредени
    • Божиновска-Варнс: Стратешкото партнерство во енергетиката со САД сега влегува во фаза на конкретна реализација
    • Тошковски – Варнс: Потврдена определбата за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Реформите не остануваат на хартија“: Филков пред амбасадорите ги претстави приоритетите до јуни 2026

    „Реформите не остануваат на хартија“: Филков пред амбасадорите ги претстави приоритетите до јуни 2026

    20.04.2026 во 15:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството.

    „Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати“, истакна Филков.

    Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени на Изборниот законик, усогласени со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што формираната работна група веќе одржала неколку состаноци и усвоила значаен дел од предложените решенија.

    „Процесот е активен, транспарентен и насочен кон консензус. Консултациите со институциите и граѓанскиот сектор се во тек и ќе продолжат со засилен интензитет“, нагласи министерот.

    Осврнувајќи се на реформите во судството, Филков посочи дека Законот за Судски совет веќе дава конкретни резултати.

    „Воведовме јасни критериуми, мерливи стандарди и отчетност таму каде што претходно недостасуваа. Тоа е доказ дека реформите не остануваат само на хартија“, рече тој.

    Министерот потенцираше дека клучните закони за јавното обвинителство, кои добија позитивно мислење од Венецијанската комисија, се соочуваат со предизвици во собраниската процедура.

    ,, За жал во текот на собраниската процедура опозицијата одлучи да го блокира носењето на овој клучен реформски закон за Јавното обвинителство. Иако од наша страна беа прифатени поголем дел од нивните амандмани, наместо конструктивен придонес, за жал тие одлучија да ја закочат европската перспектива на нашата земја посочи  Филков, додавајќи дека „одговорноста за европската иднина е заедничка, а нашата определба останува непоколеблива.”

    Истовремено, Министерството за правда продолжува и со други системски решенија:

    • Во контекст на обезбедување на финансиските предуслови за функционално правосудство изготвен е нов Предлог Закон за судски буџет. Се предвидува воспоставување независен и стабилен систем на финансирање и зајакнување на улогата на Судскиот буџетски совет.
    • Акциски план за борба против корупција во судството 2026–2029 година.
    • Зајакнување на капацитетите за борба против организиран криминал, преку планирано вработување на финансиски експерти и дигитални форензичари.

    Особено значајна е и подготовката на новиот Кривичен законик, кој е во процес на усогласување со најновите директиви на Европската унија, вклучително и во областите на борбата против корупцијата, конфискацијата на имот, еколошкиот криминал. Дополнително се вршат и усогласувања согласно Нацрт-националната стратегија за превенција и заштита од родово базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026 – 2033 година.

    Паралелно се подготвува и нов Закон за кривична постапка, кој ќе биде усогласен со европските стандарди и меѓународната пракса. И двата закони ќе бидат испратени на мислење до Европската комисија.

    Министерот Филков им се заблагодари на меѓународните партнери за континуираната поддршка, нагласувајќи дека соработката со Европската Унија останува клучна за успешна реализација на реформската агенда.

    Прочитај повеќе

    Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани

    04.05.2026 во 22:16

    Тинејџери шамареле деца на игралиште: Ново сведоштво за насилство во Скопје

    04.05.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.