Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2026 година изнесувала 49.544 денари, што е зголемување од 8,2 отсто во однос на истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Најголем раст на просечната нето-плата во однос на мај 2025 година е забележан во секторите „Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, со 11,9 отсто, „Уметност, забава и рекреација“, со 11,3 отсто, и „Транспорт и складирање“, со 10,9 отсто.
Во однос на претходниот месец, најголемо зголемување на просечната исплатена нето-плата е регистрирано во секторите „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 6,3 отсто, „Рударство и вадење камен“ за 5,8 отсто и „Транспорт и складирање“ за 5,7 отсто.
Во мај 2026 година, просечната месечна исплатена бруто-плата изнесувала 74.482 денари.


