Рашковски со демант до ДКСК: Колата што ни ја дадоа се погоди крш

Семејството Рашковски, преку своите правни застапници, до ДКСК и медиумите  испрати демант на објавите на  сајтовите и социјални мрежи кои се однесуваат на семејството Рашковски и иницираната истрага од ДКСК во однос за незаконито постапување со цел примање награда – возило.

 

Во демантот на семејството Рашковски се вели :

Од медиумите дознавме за предметот кој Комисијата го отворила за наводно незаконско постапување.

Како орган чија основна задача треба да е откривање на незаконски дејствија со цел да се спречи корипцијата, вие си земавте за право да изнесувате еклатантни невистини и притоа да обвинувате за наводно сторено кривично дело, при тоа самите вршејки кривично дело согласно член 366 од Кривичниот законик. Доколку сте ги собрале документите за кои тврдите дека ги имате, тогаш многу добро знаете дека никој од никаква фирма нема добиено автомобил на поклон.

Секој човек има име и презиме, секој настан има време и место.

Затоа, бараме од Вас, јавно да ги објавите сите документи до кои сте дошле со кои се потврдува евентуалното незаконско дејствие.

Бидејки никој не беше повикан на јавната седница, бараме јавно да одговорите и да доставите докази

  1. Која е компанијата од која е добиен на поклон автомобил и јавно да го доставите договорот за поклон? Таков договор не постои.
  2. Јавно да ја објавите процената на автомобилот за кој велите дека има вредност од 50.000 евра, како сте дошле до неа и дали некогаш сте го виделе автомобилот?
  3. Јавно да ги објавите СИТЕ документи кои ги имате прибрано од Владата на Република Северна Македонија и од надлежните министерства.
  4. Јавно да ја објавите одлуката врз која наводно е влијаено да биде донесена, начинот на кој е влијаено да биде донесена како и евентуално превземените незаконски дејствија. Такво нешто исто така не постои.
  5. Иако не е на мое интелектуално ниво, а не треба да е ниту ниво на една институција која ја претставувате, бидејки јавно беше упатена понуда за купопродажба на автомобилот, сопственикот на автомобилот, кој е мој другар преку полномошник Ви соопштува дека прифаќа предметниот автомобил да Ви го продаде за цена од 5.000 евра. Во прилог се фотографиите од истиот.

Ваквите паушални обвинувања фрлаат сомнеж дека намерата е да се наштети на нечија личност, а не на остварување на надлежностите на Вашата институција. Само преку објавување на документите и другите факти може да ги покажете вашите чесни намери. Се друго е замајување на јавноста, стои во соопштението на семејството Рашковски.

29.12.2021 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега