На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“.
По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.
- Зелени предели, историја и вера: Велигденските празници можат да се прослават и во Туркије
- Тетовец приведен на патот Дебар-Струга: Возел камион иако имал активна забрана, полицијата му го одзеде возилото
- Утре ќе нема струја до 14 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
- Коста: Русија е единствениот вистински победник од војната на Блискиот Исток
- Минчев: Знаењето на службениците е инвестиција, а не трошок
- Лефков: СДСМ тоне како брод со кој управува кој стигне
- Дојава за бомба во училиште во Кочани – евакуирани учениците и вработените
- СДСМ: На Мицкоски му одговара поскап бензин


