На 06.11.2025 во Полициската станица Струмица 42-годишен маж од струмичко пријави дека пред околу една недела четири малолетни лица насилно се однесувале кон неговиот малолетен син, а таквото однесување го снимиле и објавиле на социјалната мрежа „Тик Ток“.
По пријавување на настанот, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки за негово расчистување и во ПС Струмица се повикани инволвираните малолетници, со кои се извршени службени разговори во присуство на нивните родители.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и Центарот за социјални работи Струмица. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по Закон за правда за децата.
Актуелно
- Каја Калас: Падот на иранскиот режим не гарантира подобра иднина
- Три грчки танкери нападнати од дронови во Црното Море
- Џорџа Мелони: „Пожарот во Кран-Монтана не е несреќа, туку резултат на недомаќинско работење“
- Трамп за „помошта за Иран“: Ќе мора сами да откриете
- За три секунди зема 3.000 евра: Оваа пејачка е естрадна мајка на Дарко Лазиќ
- Николоски: Добро е што ДУИ утре ќе присуствува – СДСМ имаат време да го сменат ставот
- (ВИДЕО) Николоски: Левица станува СДСМ – СДСМ станува Левица
- Протести, жртви и закани: Иран во центарот на глобална криза

