Close Menu
Press24
    Најново

    Дали одењето е доволно физичка активност за да ги постигнете вашите фитнес цели?

    26.02.2026 во 23:45

    Која храна не се препорачува да се чува во пластични садови

    26.02.2026 во 23:20

    Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

    26.02.2026 во 23:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дали одењето е доволно физичка активност за да ги постигнете вашите фитнес цели?
    • Која храна не се препорачува да се чува во пластични садови
    • Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови
    • Рама прави чистка во Владата
    • Сиљановска-Давкова: Осумдесетгодишнината на ДЛУМ говори за огромното значење на уметноста за новосоздадената македонска држава
    • Хилари Клинтон пред конгресмените: Не знаев за злоупотребите на Епштајн, треба да му се јавите на Трамп
    • Трендафилов: Ако мислат дека со притисоци и снимки ќе не замолчат – се лажат
    • Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и универзитети за проектот „Скопје 2028“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рама прави чистка во Владата

    Рама прави чистка во Владата

    26.02.2026 во 22:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Албанскиот премиер објави реконструкција на владата „Рама 4“, формирана во септември минатата година по парламентарните избори одржани во мај. Промените опфаќаат повеќе министерства и значајни кадровски рокади во извршната власт.

    Од Владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која е осомничена за корупција од страна на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК). Нејзината позиција вицепремиер ќе ја преземе актуелната министерка за внатрешни работи, Албана Кочиу.

    Во рамки на реконструкцијата повторно се формира Министерството за инфраструктура и енергетика, на чие чело ќе застане Енеа Каракачи. Поранешниот амбасадор на Албанија во Европската Унија, Ферит Хоџа, е именуван за министер за Европа и надворешни работи, функција што досега ја извршуваше Елиса Спиропали.

    Промени има и во ресорите правда и внатрешни работи. Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и преминува на позицијата министер за внатрешни работи, додека Министерството за правда ќе го води Тони Гогу.

    Реконструкцијата ја опфаќа и одбраната, каде Пиро Венгу заминува од министерската функција, а негов наследник ќе биде Ермал Нуфи. За министерка за односи со Парламентот е назначена Ерјона Исмаили.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан

    26.02.2026 во 19:19

    Патнички авион изрешетан со куршуми, Боинг 737 слета во Мајами со дупки во крилото

    25.02.2026 во 09:39

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.