Close Menu
Press24
    Најново

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23

    Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани

    31.10.2026 во 16:13

    Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго

    31.10.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
    • Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови

    Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови

    30.12.2025 во 20:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Албанија влегува во нова фаза на развој на својата одбранбена индустрија, најави премиерот Еди Рама, откривајќи дека земјата ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала.

    На традиционалната предновогодишна средба со новинарите, Рама истакна дека стратешка цел на Албанија е да го достигне просекот на земјите-членки на НАТО во делот на финансиските вложувања во одбраната.

    Премиерот потсети дека во текот на годинава албанската армија е зајакната со ракетниот систем „Џавелин“, три патролни бродови добиени од Италија, како и радари за воздушен надзор, реализирани во соработка со Франција.

    – „Она што останува главна амбиција, Албанија како земја што произведува воени капацитети, не е само да ги користи овие капацитети за сопствени потреби, туку и да извезува, и затоа оваа година е историска година за нашата армија, бидејќи се поставени темелите на одбранбената индустрија ‘Произведено во Албанија’“ – истакна Рама.

    Тој додаде дека е формирана државна компанија, која веќе има потпишано партнерства со локални и странски компании за производство на муниција, како и за развој на амбулантни и полициски патролни возила.

    – „Ќе произведуваме борбени дронови, а ќе произведуваме и системи против дронови, а првите нарачки се веќе направени. Во првите шест месеци од 2026 година сигурно ќе ги видите првите производи, додека ние продолжуваме да работиме на реализација на други договори за поморската индустрија и воздухопловната индустрија“ – рече тој.

    Рама нагласи и дека Албанија денес е меѓу земјите со највисок капацитет за кибер одбрана, што дополнително ја зајакнува безбедносната позиција на државата во рамки на НАТО.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ: Јас сум виновен, нека ме гонат мене

    31.10.2026 во 13:00

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на Алта Банка

    31.10.2026 во 09:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.