Дванаесет лица се лишени од слобода во текот на изминатата ноќ во Скопје, откако полицијата кај нив пронашла различни видови наркотици.
Акцијата е спроведена на повеќе локации низ главниот град. Меѓу приведените, освен скопјани, има и жители на Велес, Кавадарци, Гостивар и населбата Илинден.
Кај осомничените биле пронајдени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и дробилка. По комплетирање на доказите, МВР најави соодветни поднесоци.
„На 07/08.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.С.(35), Д.П.(33), И.Ј.(35), Ј.Н.(36), С.Т.(34), А.С.(41), Д.К.(24) и К.С.(38), сите од Скопје, Б.Ѓ.(42) од нас.Илинден, скопско, С.А.(35) од Кавадарци, Н.А.(34) од Велес и Х.Д. (25) од Гостивар, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, таблети, марихуана и дробилка“, информираа од МВР.

