Полициски службеници од СВР Скопје синоќа (03.02.2026) спроведоа успешна акција во центарот на градот, при што е лишено од слобода едно лице поради поседување на дрога и оружје.
Според информациите од МВР, околу 22:50 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во домот на 23-годишниот Ѓ.С. во Скопје, на подрачјето на општина Центар.
При претресот полицијата пронашла вистински арсенал и докази за трговија со дрога. Одземени се:
- Пиштол и рамка со куршуми;
- Марихуана;
- Дигитална вага;
- Пари и други предмети поврзани со кривичното дело.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

