Патниот правец Прилеп-Градско кај превојот Плетвар од 14:00 часот е повторно прооден за сообраќај, откако заврши двочасовниот протест на граѓаните од ромска националност од Прилеп. Демонстрантите, кои со возила и гуми го блокираа патот, бараат итно укинување на новите законски одредби со кои полицијата привремено ги одзема возилата доколку возачот не поседува возачка дозвола.

„Бараме да се укине законот и да биде како што беше досега. Нека се казнува парично за возење без дозвола, но со одземање на возилата ни се нанесува голема неправда на сите граѓани“, изјави Ерсад Решидоски, учесник во протестот.

Иако патот е сега слободен, граѓаните најавија дека нема да запрат тука и дека ќе протестираат секој ден додека не се променат законските правила за казнување.

Exit mobile version