Денеска во Абу Даби започна вториот круг од мировните преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на Соединетите Американски Држави. Трилатералните средби, во кои учествуваат тимови од Киев, Москва и Вашингтон, имаат за цел да најдат излез од четиригодишниот крвав конфликт.

Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, потврди дека процесот е започнат и дека тимовите ќе работат во одвоени групи на специфични теми пред финалното усогласување на ставовите. Овие средби се дел од засилената дипломатска офанзива на администрацијата на Доналд Трамп, која го притиска двете страни да најдат компромис за завршување на војната која започна во февруари 2022 година.

Exit mobile version