Германската економија се тресе од темел откако индустрискиот гигант „Бош“ ја официјализираше одлуката за реструктуирање која ќе остави без работа околу 20.000 луѓе. Овој потег доаѓа како резултат на преполовениот профит на компанијата во изминатата година, што дополнително го потврдува слободниот пад на германскиот производствен сектор.
Кризата веќе се чувствува низ целата земја – стапката на невработеност во Германија достигна 6,6 проценти, ниво што не е видено повеќе од една деценија, со над три милиони невработени лица. Извршниот директор Стефан Хартунг ја оцени 2025 како „исклучително тешка година“, признавајќи дека економските притисоци го клекнаа на колена некогашниот симбол на моќта.

