Координаторот на пратеничката група ВЛЕН, Беким Ќоку, заедно со раководството на ВЛЕН, денеска оствари средба со европратеникот Томас Вајц, постојан известувач на
Европскиот парламент.
На средбата беше изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување на
владеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.
Соговорниците разменија мислења за актуелните политички состојби, реформските приоритети и следните чекори на патот кон полноправно членство во Европската унија, при што беше потенцирана потребата од одржување на реформскиот курс и силна политичка волја.

Exit mobile version