Од 14:30 часот попладнево, сообраќајот на магистралниот пат А3 Битола – Ресен е во целосен прекин. Причината за прекинот е јавен собир на граѓани кој се одржува над битолската населба Баир.

Како што информираат од АМСМ, поради блокадата, сите возила се пренасочуваат низ градот Битола, што веќе создава дополнителен метеж по градските сообраќајници. Полициски екипи се на терен и го регулираат движењето на возилата додека трае протестот.

Exit mobile version