Повеќе лица, меѓу кои и малолетничка, уапсени низ Скопје и Велес изминатото деноноќие за поседување дрога.
– На 27.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Х.(30), Б.Л.(27), С.Р. (24), Р.Б.(29), Р.Ч.(27) и 17-годишна малолетничка, сите од Скопје, како и Џ.Л.Г.(29) од Обединетото Кралство, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја и ризли, информираа од МВР.
Претрес имало и во Велес.
– Влера во 17:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Ѓ.(37) од Велес, затоа што при – преглед кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, додаваат од полицијата.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.


