Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со египетскиот министер за надворешни работи, Бадр Абделати, порача дека ситуацијата на Блискиот Исток претставува „заедничка грижа“ за Москва и Каиро. Путин нагласи дека Русија е подготвена активно да помогне во нормализацијата на состојбите во овој турбулентен регион.
„Се надеваме дека сегашниот конфликт ќе биде брзо решен. Дозволете ми да повторам дека сме подготвени да направиме сè за да помогнеме во стабилизирањето на ситуацијата и да ја вратиме во нормала“, истакна Путин на состанокот во Кремљ.
Рускиот претседател во својот говор се осврна и на меѓународните напори за мир, споменувајќи ги и последните ставови на американскиот претседател Доналд Трамп на оваа тема. Москва со овој потег уште еднаш ја потврдува својата амбиција да игра клучна улога во дипломатските процеси на Блискиот Исток.

