Путин: Новите руски нуклеарни ракети „Сармат“ наскоро подготвени за распоредување

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека новата генераиција на руски интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави, наскоро ќе бидат распоредени за борбени задачи, пренесува Ројтерс.

Изјавата доаѓа откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу им кажа на студентите на воената академија дека „колективниот Запад“ води „вистинска војна“ против Русија.


Тој говореше заедно со Путин на настан во Кремљ. Шојгу додаде дека руската армија ќе направи се за безбедноста на земјата.

Според изјавите на Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко, Русија во моментов е во процес на распоредување на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија, пишува Ројтерс.

21.06.2023 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега