Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата падна на најниско ниво во последните неколку дена
    • Порака од Сиљановска-Давкова за Јом Кипур: „Да градиме општество со заемно почитување“
    • Анализите покажаа: Пиеме ли безбедна вода во Скопје
    • Газда Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција за укинување на притворот
    • Уште една трагедија во Грција: Туристка почина на плажа во Ханиоти
    • Трагедија во Грција: Маж почина по расправија за лежалка за плажа
    • Инспекција во Центар: Казни од по 1.300 евра
    • Трагедија во Македонија: Мртов маж пронајден на Шар Планина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Путин: Најавата за американски нуклеарни тестови е сериозно прашање

    Путин: Најавата за американски нуклеарни тестови е сериозно прашање

    05.11.2025 во 18:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа состанок со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија, на кој се разговараше за реакцијата на Москва по повод најавените нуклеарни вежби на САД. Путин ја оцени ситуацијата како „сериозно прашање“, пренесуваат руските медиуми.

    Тој изјави дека Советот за безбедност „ги анализирал изјавите дадени во владејачките кругови на САД“, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови.

    – „Русија ќе биде принудена да преземе соодветни мерки доколку потписниците на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови одлучат да ги обноват тестирањата“, рече Путин, додавајќи дека Москва „нема намера да се повлече од овој договор“.

    Во меѓувреме, рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, испратил телеграма до Москва во врска со разјаснување на изјавите на Трамп.

    Загриженост околу ситуацијата изрази и претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, кој рече дека пратениците се „сериозно загрижени“ поради најавата за обновување на американските тестирања на нуклеарно оружје.

    Истовремено, американската Врховна команда за глобален удар соопшти дека денеска е извршен тест на невооружената интерконтинентална балистичка ракета „Минутмен III“ од воздухопловната база „Ванденберг“ во Калифорнија.

    Тестот, означен како GT 254, имал цел да ја потврди „сигурноста, оперативната подготвеност и точноста“ на системот за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), кој, според соопштението од базата, претставува „клучен елемент на националната одбрана на САД“.

    Прочитај повеќе

    Уште една трагедија во Грција: Туристка почина на плажа во Ханиоти

    21.09.2026 во 10:02

    Трагедија во Грција: Маж почина по расправија за лежалка за плажа

    21.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.