Обидот на полицијата да влезе во филипинскиот Сенат за да го уапси сенаторот Роналд дела Роса ескалираше со пукање и општ метеж. Сенаторот, познат под прекарот „Бато“, се крие во својата канцеларија од понеделникот, откако МКС потврди дека бара негово апсење.
Од Сенатот информираат дека ситуацијата е напната, но дека за среќа нема повредени од истрелите.
„Ситуацијата сè уште се проценува откако непознат број полицајци се обидоа да влезат во зградата“, рече секретарот Марк Ландро Мендоза.
Групите за човекови права ја обвинуваат полицијата за систематски убиства за време на мандатот на дела Роса, додека полицијата тврди дека убиените биле вооружени и се спротивставувале.
Сенаторот упати драматичен повик до јавноста да излезе на улиците и да го блокира неговото предавање на меѓународните власти.
„Ве молам, се надевам дека ќе можете да ми помогнете. Не дозволувајте уште еден Филипинец да биде одведен во Хаг“, гласи неговиот апел на социјалните мрежи.
Сведоци јавуваат за силно воено присуство со автоматско оружје во самиот парламент, додека пред објектот се формирани полициски кордони за да го спречат судирот меѓу различните групи демонстранти.


