Првиот вицепремиер Изет Меџити во официјална посета на САД
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, каде на покана на Атлантскиот совет ќе учествува на 9. Состанок на министри посветен на Централната и Источна Европа на Конференцијата за енергетска безбедност.
Првиот вицепремиер Меџити ќе биде еден од главните говорници на Панел-дискусијата на тема „Трансатлантската политика за трговијата, енергетиката и климата, по изборна година“.
За време на престојот во Вашингтон, првиот вицепремиер Меџити ќе се сретне со претставници од државите учеснички на овогодинешната Конференција на Атлантскиот совет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа