Close Menu
Press24
    Најново

    Прва официјална средба на државниот обвинител Савески: ОБСЕ останува клучен партнер во борбата против корупцијата

    25.03.2026 во 17:22

    АВМУ реагира за односот на новинарот кон министерката Јаневска: Новинарите мора да ги почитуваат етичките норми

    25.03.2026 во 17:16

    Ѓорѓиевски: Никој не е сам – обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти

    25.03.2026 во 17:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прва официјална средба на државниот обвинител Савески: ОБСЕ останува клучен партнер во борбата против корупцијата
    • АВМУ реагира за односот на новинарот кон министерката Јаневска: Новинарите мора да ги почитуваат етичките норми
    • Ѓорѓиевски: Никој не е сам – обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти
    • Гаши со амбасадорот на Јужна Кореја: Поддршката за нов секретар на ИПУ во фокусот на средбата
    • Минчев од Брисел: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија
    • Проф. д-р Дарко Данев влегува во трка за ректор на УКИМ
    • Семејното насилство расте: МВР со полни раце работа, приведени насилници во осум градови
    • Муцински од Варшава: Полска останува нашиот најгласен сојузник на патот кон ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прва официјална средба на државниот обвинител Савески: ОБСЕ останува клучен партнер во борбата против корупцијата

    Прва официјална средба на државниот обвинител Савески: ОБСЕ останува клучен партнер во борбата против корупцијата

    25.03.2026 во 17:222 Mins Read
    ФОТО: ОЈО
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал. Ова е прва официјална средба на државниот обвинител Савески по неговото именување на функцијата.

    На средбата, амбасадорот Вал му честиташе на Савески на изборот и ја понуди континуираната долгорочна поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство. Оваа поддршка се надоврзува и на долгогодишната претходна одлична лична професионална соработка на Савески како експерт консултант на ОБСЕ.

    Тој во името на Јавното обвинителство се заблагодари за досегашните ангажмани на Мисијата на ОБСЕ во насока на силна институционална поддршка, унапредување на владеењето на правото во нашата држава и зајакнување на независноста на јавното обвинителство.

    Притоа, двајцата разговараа и за сите можности и насоки во кои таа поддршка треба да продолжи во следниот период, пред се имајќи ги предвид и предизвиците со кои се соочува обвинителството во однос на ресурсите и правната рамка. Савески и Вал разговараа и за финансирањето и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата.

    Исто така, на средбата беше договорено наскоро да биде назначен јавен обвинител задолжен да го следи постапувањето по предметите за кривични дела сторени од омраза на територијата на целата држава, по примерот на таква контакт-точка која веќе функционира во Основното јавно обвинителство Скопје.

    Популарно

    Прва официјална средба на државниот обвинител Савески: ОБСЕ останува клучен партнер во борбата против корупцијата

    25.03.2026 во 17:22

    АВМУ реагира за односот на новинарот кон министерката Јаневска: Новинарите мора да ги почитуваат етичките норми

    25.03.2026 во 17:16

    Ѓорѓиевски: Никој не е сам – обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти

    25.03.2026 во 17:01

    Гаши со амбасадорот на Јужна Кореја: Поддршката за нов секретар на ИПУ во фокусот на средбата

    25.03.2026 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.