Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси

    11.06.2026 во 10:20

    Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април

    11.06.2026 во 10:18

    Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени

    11.06.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
    • Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
    • Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
    • ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
    • Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
    • ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
    • Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
    • ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев од Брисел: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

    Минчев од Брисел: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

    25.03.2026 во 16:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на маргините на 14-тиот состанок на Специјалната работна група за реформа на јавната администрација, кој за првпат се одржува во Брисел.

    На средбата се разговараше за напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформата на јавната администрација, како и за следните чекори во насока на усогласување на националниот систем со европските стандарди. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на започнатите реформски процеси, професионализацијата на администрацијата, зајакнувањето на системот базиран на заслуги и унапредувањето на квалитетот на јавните услуги за граѓаните.

    „Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови во процесот на европска интеграција на државата. Во изминатиот период преземавме значајни законски и институционални чекори, а во следната фаза нашиот приоритет е нивна доследна и ефективна имплементација, со цел изградба на модерна, професионална и департизирана администрација“ истакна министерот Минчев.

    Во фокусот беше и Нацрт-патоказот за реформа на јавната администрација, кој во текот на 2024 и 2025 година беше дополнително усогласуван со Европската комисија, Реформската агенда 2024–2027 и препораките од извештајот на СИГМА. Патоказот, усвоен од Владата во ноември 2025 година, ги дефинира клучните приоритети за модернизација на јавната администрација.

    Министерот Минчев нагласи дека партнерството со Европската комисија останува клучно за успешното спроведување на реформите.

    „Очекувам дискусиите во Брисел дополнително да го зајакнат партнерството со Европската комисија и да обезбедат континуирана поддршка за реформските процеси, кои се од суштинско значење за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската унија“ истакна Минчев.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси

    11.06.2026 во 10:20

    ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава

    11.06.2026 во 10:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.