Прв случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска

Потврден е првиот случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска, дознава ХРТ од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб.

Имено, станува збор за личност која престојувала во Италија и Шпанија. Пациентот има поблага форма на болеста, не е хоспитализиран, но е во домашна изолација.

Минатиот месец, водечки советник на СЗО рече дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

 

23.06.2022 - 23:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега