Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.
За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на
апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.
Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.
Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.
Од УЈП апелираат доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.
Актуелно
- Васев и Нухи нудат куќи од 350.000 евра за да излезат од притвор
- Пратениците и министрите ќе одат пеш на работа – ССМ ќе го блокира Собранието на 10 февруари
- МЗ се огласи за „мозоците“: Немаме директна надлежност, но процедурите за извоз на ткива се ригорозни
- Падна договор со ЕК: Биометриската контрола одложена за септември, Николовски најавува статус на „професионалци“ за возачите
- СЗО бара милијарда долари за спас: Криза со донациите додека горат жариштата во Газа и Украина
- Трамп ја шокираше јавноста – бара отштета од една милијарда долари од престижниот Универзитет Харвард
- Пресврт: Целта не бил Здравко Чолиќ, бомбата по грешка била фрлена
- 10 мажи обвинети за силување 5-годишно дете, вмешан е и таткото

