Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше јавноста со нова наредба до својата администрација – барање отштета од една милијарда долари од престижниот Универзитет Харвард. Преку својата мрежа Truth Social, Трамп порача дека САД во иднина „не сакаат да имаат ништо повеќе“ со овој универзитет, со што ги прекина долгомесечните преговори за можен договор.

Овој потег доаѓа како одговор на извештаите дека Харвард наводно добил одредени отстапки во преговорите со владата. Трамп таквите тврдења ги нарече „целосна лага“ и го обвини универзитетот за сериозни прекршоци. Според него, Харвард се обидел да избегне претходно договорено плаќање од 500 милиони долари преку „комплицирани програми за обука“, што администрацијата го одби како несоодветно.

Exit mobile version