Од утре Македонија влегува во период на променливо време. Како што информираат од УХМР, нè очекува зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат со променлив интензитет во различните делови од земјата.

Иако облачно, времето ќе биде потопло, со температури кои се во постепен пораст. Утрешниот ден ќе го одбележи и засилен ветер од југоисточен правец, кој дополнително ќе придонесе за промената на временската слика. На највисоките планински врвови, пак, дождот ќе премине во снег.

Exit mobile version